ЗЛАТО за македонските јуниори во Европската Б-дивизија!
Јуниорската репрезентација на Македонија го освои првиот пехар и се промовира како европски шампион на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија кое се одржа во Скопје, откако во големото финале славеше над Австрија (98-88).
Во дуелот на непоразените, Македонија беше подобра од Австријците во меч во кој целосно доминираше од почетокот до крајот. Нашиот национален тим забележа осум победи на осум средби, а покрај над Австрија во финалето, во нокаут-рундата славеше над Португалија и Бугарија, а претходно во групата ги доби Ирска, Кипар, БиХ, Чешка и Украина.
Првата четвртина беше израмнета, меѓутоа во знакот на Македонија (32-29), а веќе во следната нашиот национален тим беше подобар со двоцифрена разлика од противникот и направи исчекор кон посакуваниот резултат во СЦ „Борис Трајковски“ (57-44). Иако имаше мал пад во играта, сепак, избраниците на Андреевски брзо се консолидираа и работите дојдоа на своето место. Не се испушти високата предност од почетокот до крајот и победата на Македонија е заслужена.
Најдобар стрелец во финалето беше капитенот Никола Јаничиќ со 30 поени, пред Стефан Стојковиќ со 15 поени, а Сергеј Младеновски имаше 14 поени. Двоцифрен ефект имаше и Марко Луканоски со десет поени. Кај Австрија. Нико Железник даде 21 поен, а Имран Суљановиќ имаше 19 поени.
Поради настапот во финалето и Македонија и Австрија во следното издание на Европското јуниорско првенство ќе играат во А-дивизијата.
Извор: ГОЛ.МК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…