ЗНАМ: Во завршна фаза преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за учество во идната влада

t

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија информира дека во завршна фаза се преговорите за соработка со ВМРО-ДПМНЕ и учество во идната влада.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во досегашната работа е отворено и транспарентно во однос на информирањето на јавноста за чекорите што ги презема во остварувањето на зацртаните политики и стратегии. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во тој дух ја информираше јавноста дека ги отпочна преговорите за соработка со ВМРО-ДПМНЕ и учество во идната влада, како и дека во кусиот период на разговори, може да се каже дека истите се во завршна фаза, се наведува во соопштението од партијата.

Од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија информираат дека со претставници на ВМРО-ДПМНЕ разговарале и за одредени ресори, но тие во овој момент не се докрај дефинирани, ниту потврдени. Посочуваат дека разговорите ќе продолжат во наредните денови.

Конкретните кадровски решенија и одлуките за тоа ќе ги донесат органите на Движењето ЗНАМ, низ доодветна интерна партиска процедура и истите ќе бидат соопштени во јавноста. Секоја шпекулација за одредени имиња и ресори Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги оценува како неточни и невистинити, потенцираат од ЗНАМ.

Од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија посочуваат дека разговараат и преговараат со ВМРО-ДПМНЕ врз основа на платформа, со која, како што велат, настапи и на параламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена Македонија“.

За Движењето ЗНАМ е важно Република Македонија да е демократска, современа, модерна, европска држава, втемелена врз Крушевскиот манифест и асномските принципи. Република Македонија да е самоодржлива држава, која произведува сопствена храна и енергија, што индиректно придонесува во јакнењето на независноста и суверенитетот на државата. Република Македонија како држава во која правдата е еднаква за сите и нема неказнивост и неказниви и селективност. Држава која промовира нулта толеранција кон корупција и ефикасно се справува со организираниот криминал, велат од Движењето ЗНАМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…

Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…

Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…

Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…

Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…

Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју…

Северна Кореја тестираше ракети од под вода:…

Северна Кореја соопшти дека тестирала два типа…