ЗНАМ: Македонското знаме е државен симбол на сите граѓани, неговото сквернавење е недозволиво
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија најостро го осудува чинот на симнување и сквернавење на македонското државно знаме на плоштадот во Гостивар, чин со кој се изразува непочитување кон државните симболи, институциите и државата Македонија. Македонското државно знаме не е симбол на една политичка партија или на една етничка заедница. Тоа е државен симбол на Република Македонија, знаме на македонскиот народ и на сите заедници што живеат во нашата држава. Неговото почитување е обврска на секој граѓанин, без разлика на неговата етничка, верска или политичка припадност, се вели во соопштението од ЗНАМ што го пренесуваме интегрално.
„Почитувањето на правото на секоја заедница да ги негува сопствените традиции, култура и национални симболи не смее да биде изговор за непочитување на државните симболи.
Прославувањето на Денот на албанското знаме, без соодветно истакнување на македонското државно знаме, претставува непочитување на државниот поредок и постапување спротивно на законските одредби за употреба на знамињата.
Исто така, дивеењето по улиците, насилничкото однесување и нарушувањето на јавниот ред и мир во градовите најмалку прилегаат на достоинствено, свечено и цивилизирано одбележување на кој било празник.
Празниците треба да бидат повод за славење, меѓусебно почитување и градење соживот, а не за провокации, инциденти и демонстрација на непочитување кон државата.
Очекуваме надлежните институции без одлагање да ги расчистат настаните во Гостивар, да ги идентификуваат сторителите и да постапат согласно законите. Законот мора да важи подеднакво за сите, без селективност и без
политички калкулации.
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија порачува: Почитувањето на различностите е наша вредност, но почитувањето на државата, нејзините симболи и законите е обврска на сите! Македонија е заедничка држава на сите нејзини граѓани и нејзиното знаме мора да биде почитувано од сите“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗНАМ: Македонското знаме е државен симбол на…
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија најостро…
Минус шест степени на Попова Шапка, во…
Најниска температура утрово е измерена на Попова…
Четворица возачи уапсени во Тетово: Возеле пијани,…
На 28.11.2026 во 11:00 часот во Тетово,…
Пад на невработеноста, над 103.000 лица работат…
Во Македонија во третото тримесечје од 2026…
Владата подготвува студентска картичка со 20% попуст,…
За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, младите и…