ЗНАМ на Максо поднесе кривична против Спасовски и МВР поради хаосот околу личните документи

t

Партијата Движење ЗНАМ-ЗА НАША МАКЕДОНИЈА во консултации со граѓаните ширум Републиката како и со своето членство и поддржувачите, одлучи да поднесе кривична пријава против лицето Оливер Спасовски од Куманово и против МВР, соопшти денеска лидерот Максим Димитриевски.

Кривичната пријава се поднесува затоа што во периодот од 12.02.2019 година некаде до средината на 2021 година пријавените вршеле набавка на стари обрасци за издавање на официјални лични документи на граѓаните на Република Cеверна Македонија со тогаш веќе неуставното име на државата, со што овозможиле изработка и издавање на официјални лични документи со важност подолга од 12.02.2024 година, иако знаеле дека важноста на истите е до 12.02.2024 година. Во истиот период издавале и официјални лични документи на граѓаните на Република Cеверна Македонија на обрасци со поранешното име на државата, односно користеле обрасци кои што не требало да се користат. Понатаму не ги превземале сите дејствија кои што требало да бидат превземени за навремена набавка на соодветни обрасци за издавање на лични документи со уставното име на државата, односно доцнеле со набавката на соодветни обрасци и пропуштиле да превзмат соодветни дејствија со цел навремено известување на граѓаните на Република Cеверна Македонија дека рокот на важност на официјалните лични документи издадени на старите обрасци истекува на 12.02.2024 година. Со овие дејствија постои основано сомневање дека пријавените ги сториле кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичниот законик и „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик, сооптши Димитриевски.

Политичката партија Движење ЗНАМ-ЗА НАША МАКЕДОНИЈА како општествено одговорна партија и сега и во иднина ќе ги брани интересите на македонските граѓани и силно ќе се бори против кршењето на законите, неправдата и корупцијата, додава тој.

https://www.facebook.com/MaksimDimitrievskiOfficial/posts/944571433695394?ref=embed_post

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…