ЗНАМ предлага ново законско решение поради кризата на Блискиот Исток: Субвенции од најмалку 20 отсто за минералните ѓубрива, зголемување на зелената нафта од најмалку 50 евра по хектар

t

Почитувани земјоделци

Имајќи ја предвид актуелната геополитичка состојба и војната на Блискиот Исток, кои предизвикаа значителен раст на цените на енергенсите и минералните ѓубрива кои се основни фактори во производството на храна, станува јасно дека е неопходна итна поддршка за земјоделците .

Затоа предлагам пакет мерки со измени на закон и иницијатива кој ќе биде доставен во собраниска процедура и за кој ќе барам поддршка од сите пратеници.

✅ Субвенција од најмалку 20% за минерални ѓубрива

✅ Зголемување на зелената нафта за најмалку 50 евра по хектар

Во изминатиот период трошоците за земјоделско производство значително се зголемија, особено кај ѓубривата, горивото и другите репроматеријали, што сериозно ја загрозува економската одржливост на производителите.

Оваа состојба може да доведе до намалување на домашното производство, зголемување на увозот и дополнителен раст на цените на храната, што директно ќе се одрази врз животниот стандард на граѓаните. Затоа е потребно воведување субвенција од најмалку 20% за минерални ѓубрива, како и зголемување на поддршката за т.н. зелена нафта на најмалку 50 евра по хектар ( раноградинарство, полјоделство, овоштарство, лозарство, сточарство и пчеларство )

Целта на овие мерки е да се обезбеди стабилно домашно производство на храна, да се намалат производствените трошоци и да се заштити животниот стандард преку директна и навремена поддршка за регистрираните земјоделци. Мерките треба да се исплатат веднаш, пред почетокот на производната сезона.

Во таа насока, очекувам поддршка од Движење ЗНАМ, но и од сите пратенички групи, имајќи предвид дека се залагавме за Македонија да биде самоодржлива во производството на храна.

Време е тоа да го покажеме на дело со конкретна поддршка за домашното производство.

Очекувам што побргу да се отвори дебата во Собранието, со цел да се помогне на земјоделците во момент кога им е најпотребно

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првични информации после силниот земјотрес што ја…

Најмалку 20 луѓе загинаа во силниот земјотрес…

Пазешкјан разговарал со Моџтаба Хамнеи седум часа

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…

60 пијани возачи се казнети за само…

Сообраќајната полиција синоќа за само шест часа,…

Земјоделците со трактори ја блокираа Струмица: „Изгоревме…

Струмичките земјоделци и денес протестираа и го…

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…

Талогот на СДС повторно се појави. Овој…