ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката на СДК.МК

t

Здружението на новинари на Македонија најостро го осудува инцидентот во кој беше запалено возилото на новинарката на САКАМДАКАЖАМ.МК, Сузана Вренцовска, од Охрид. Возилото било запалено на 05 јануари 2024 година, во дворот на семејната куќа, во гаражата каде што било паркирано. Според првичните информации, постои сомнеж дека станува збор за намерно предизвикан акт. Го повикуваме Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и темелна истрага за утврдување на сите детали и мотиви за овој тежок инцидент.

Овој случај укажува на загрижувачки тренд на зголемени ризици со кои се соочуваат новинарите во земјава. Дополнително, ова не е изолиран инцидент. Во октомври 2024 година беше запалено и возилото на колегата Благој Серсемов, уредник на локалната телевизија и онлајн медиум М-нет од Штип. Иако мотивите за овие напади сè уште не се утврдени, важно е да се истакне дека ваквите инциденти, доколку немаат правна разрешница, може да создадат чувство на несигурност меѓу новинарите и да ја поткопаат нивната работа во служба на јавниот интерес.

Ги повикуваме надлежните институции да преземат итни и конкретни мерки за целосно расветлување на двата случаи, а сторителите мора да бидат идентификувани и соодветно санкционирани. Недозволиво е да постои неказнивост и да се создава простор за шпекулации во јавниот дискурс. Брзото дејствување е од клучно значење за зачувување на слободата на изразување и за спречување на самоцензура кај новинарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…

Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…

Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…

Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…

Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…

Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…

Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…

Големо признание за Тамара Котевска – гран…

Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…