ЗНМ: Новинари спречени да известуваат од настан на кој присуствувал премиерот Ковачевски

t

За време на денешниот настан во кругот на фабриката „Пекабеско” во Скопје каде бил присутен Претседателот на Владата на Македонија Димитар Ковачевски, новинарите Љупче Златев и Предраг Кукиќ биле спречени да присуствуваат на настанот и да постават прашања до Премиерот.

Според информациите кои пристигнаа до ЗНМ од колегите новинари присутни на настанот, од страна на лице вработено во приватната агенцијата за обезбедување РОТЕ им биле побарани новинарски акредитации кои според сведочењето на новинарите тие им ги покажале и потенцирале дека добиле покана од Владата за овој настан. Обезбедувањето сепак ги спречило да влезат на настанот, за да си ја извршат својата новинарска задача.

По реакциите од страна на нашите колеги новинари за овој инцидент, ЗНМ ќе достави претставка до Комората за приватно обезбедување на Република Македонија со цел расчистување на овој инцидент за агенцијата за обезбедување РОТЕ.

Потребно е да се знае дека припадниците на агенциите за приватно обезбедување во ниеден случај не смеат да ја ограничат работата на новинарите и медиумските работници кои известуваат бидејќи на тој начин се ускратува и правото на информирање на граѓаните.

Укажуваме дека одговорноста за вакви попречувања на работата на новинарските екипи е и на товар на организаторот и на Владата која ги поканила новинарските екипи. Затоа бараме и Владата и компанијата Пекабеско да спроведат внатрешна истрага за да се спречат вакви инциденти во иднина, реагираат од ЗНМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ конечно е во добивка од 449…

АД ЕСМ ја заврши првата половина од…

Цената на златото падна под 3.500 долари…

Цените на златото денеска  се стабилизираа, откако…

Вучиќ по апсењето на уредникот на „Информер“:…

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ синоќа речиси…

Американски милијардер ја презема меѓународната империја на…

Конзорциум предводен од американскиот милијардер Тод Боли…

Митева: УЖ на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски…

Марија Митева, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ…