ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон новинарите Александар Митовски и Милош Милошевски
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува сериозна загриженост поради заканувачка содржина објавена на социјалната мрежа Фејсбук, во која е споделена монтирана фотографија на новинарот Александар Митовски прикажан како мртовец во ковчег, додека во придружниот коментар се упатуваат заканувачки пораки кон новинарот Милош Милошевски, вклучително и директна закана по неговиот живот.
Во објавата се користи заканувачка формулација со која се најавува насилство врз новинарот, што претставува сериозен обид за заплашување и предизвикува загриженост за безбедноста на засегнатите новинари. Ваквите содржини се особено загрижувачки кога се шират преку социјалните мрежи и можат дополнително да поттикнат непријателство и притисок врз новинарите.
ЗНМ бара од надлежните институции внимателно да ја испитаат содржината, да ги утврдат околностите под кои е објавена и да преземат соодветни мерки во рамки на своите надлежности. Истовремено, апелираме до платформите на социјалните мрежи да постапуваат соодветно по пријавите за содржини што содржат закани и заплашување.
ЗНМ потсетува дека заканите кон новинарите се недозволиви и дека нивната безбедност мора да биде гарантирана без оглед на темите за кои известуваат, нивните ставови или јавниот ангажман. Слободното и независно новинарство не смее да биде предмет на заплашување и насилни закани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…