ЗНМ укажува на потребата од професионален однос кон новинарите
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), по пријава од новинарка на „Слободен печат“, испрати допис до Авалон продукција во врска со начинот на комуникација со неа за време на прес-конференцијата по повод концертот на Дејвид Гета во Скопје.
ЗНМ укажа дека несоодветниот тон, личните квалификации и потценувачкиот однос кон новинарите не се дел од професионалната комуникација што треба да постои меѓу организаторите на настани и медиумите.
Новинарите имаат право слободно да поставуваат прашања во рамки на својата работа, без оглед дали тие се пријатни или непријатни за соговорниците, а комуникацијата со нив треба да се темели на почитување на нивната професионална улога.
ЗНМ очекува укажувањето да придонесе ваквите ситуации во иднина да се избегнуваат и потсетува дека ќе продолжи да ги штити достоинството и професионалните права на новинарите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗНМ укажува на потребата од професионален однос…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), по…
ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за…
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници…
Владата бара ЗНМ и ССНМ јавно да…
Владата преку соопштение до јавноста побара од…
ЗНМ со реакција по бруталниот напад врз…
По вчерашниот брутален напад врз редакцијата на…
ЗНМ и ССНМ реагираат на полициското легитимирање…
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и…