Зоолошката градина во Скопје слави 100 години постоење – средношколците подготвуваат базар

t

По повод големиот јубилеј, 100 години од постоењето на Зоолошка градина Скопје, на 25 и 26 септември ( петок и сабота) , од 12 до 15 часот, во Скопје ЗОО ќе се одржи дводневен базар под мотото „100 години Зоолошка – 100 години грижа за животните”.

За првпат, средношколци од 22 средни училишта од Град Скопје ќе се обединат во заедничка мисија посветена на животните и на поддршката на Скопје ЗОО.

Во рамки на Базарот, учениците ќе ги претстават своите креативни производи, ракотворби и изработки, кои посетителите ќе можат да ги купат, а собраните средства ќе бидат наменети за животните во Зоолошката градина.

Настанот има за цел да ја поттикне креативноста кај младите, но и да ја зајакне емпатијата, одговорноста и грижата кон животните. Истовремено, Базарот е можност средношколците активно да се вклучат во одбележувањето на еден од најзначајните јубилеи на една од најстарите институции во градот, 100 години Скопје ЗОО.

Од ЗОО Скопје, ги канат граѓаните, семејствата и сите љубители на животните да ги посетат на 25 и 26 септември, од 12 до 15 часот, да ги поддржат младите и нивната креативност и да бидат дел од роденденскиот месец на Скопје ЗОО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…