Зоран Милановиќ ќе се кандидира за втор претседателски мандат на изборите во Хрватска
Претседателот на хрватската Социјалдемократска партија (СДП), Пеѓа Грбин, денеска соопшти дека актуелниот претседател Зоран Милановиќ ќе биде кандидат на партијата на претседателските избори оваа година. Милановиќ се кандидира за втор мандат на функцијата, пренесува Н1.
Грбин истакна дека партијата гласала Милановиќ да биде нејзин кандидат на претседателските избори, иако немало целосна согласност по ова прашање.
Нема да кажам кој беше против, но оваа одлука беше донесена со големо мнозинство гласови. Тој (Милановиќ) ги споделува нашите вредности и е бариера пред целосното преземање на оваа земја. Верувам дека наскоро ќе следи и поддршка од другите партии, изјави Грбин.
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ се кандидираше со СДП и за премиер на парламентарните избори во април оваа година, но загуби од премиерот Андреј Пленковиќ и неговата партија Хрватска демократска заедница. Според анкетите на јавното мислење, довербата во Милановиќ опаднала по парламентарните избори и тој повеќе не е најпопуларниот политичар во Хрватска. Првото место сега го зазема премиерот Пленковиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светско признание за „Безбеден град“ – Тошковски…
Македонскиот проект за унапредување на сообраќајната безбедност…
Почна вакцинацијата на овците и козите против…
Масовната вакцинација на овците и козите против…
Изградивме блиски врски со грчката полиција, заедно…
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар…
Голема акција на МВР во Макстил!
Екипи на МВР по наредба за Основното…
Мајка си го продала бебето во Грција,…
Две жени во Грција се соочуваат со…