Ибрахимовиќ на 41 година повикан во репрезентацијата
„Формата е привремена, класата е вечна“ вели една позната изрека во спортот, а ако некој е нејзина персонификација на терен тоа е Златан Ибрахимовиќ. Напаѓачот денеска доби повик за репрезентацијата на Шведска, за претстојните квалификациски натпревари за ЕП 2024, без разлика што има полни 41 година.
Ибрахимовиќ неодамна се врати на терените во дресот на Милан, откако одлежа, речиси, 10 месеци поради операција на коленото, лани во мај. Влезе на три меча за Милан и одигра вкупно 68 минути, што беше доволно за шведскиот селектор Јане Андерсон да го стави на списокот повикани.
„Златан веќе имаше три мали настапи за Милан и се чувствува подготвен и во пристојна форма, иако беше надвор од терените подолго време. Мислам дека може да донесе нешто плус на нашата репрезентација. Пред сè на теренот и, секако, надвор од него“, изјави Андерсон за шведските медиуми.
Златан се врати од привремената репрезентативна пензија минатата година и влезе во игра во баражот против Полска, за пласман на СП 2022, но на 11 минути до крајот, не можеше да придонесе многу, па „викинзите“ беа поразени со 0-2 и елиминирани.
Ибрахимовиќ има 121 настап за сениорската репрезентација на Шведска, со што е на шестото место на листата (Андерс Свенсон е прв со 148), но затоа е најдобар стрелец во историјата, со 62 гола. Ќе има шанса да ги поправи овие бројки на средбите со Белгија и со Азербејџан, на 24 и на 27 март, двете на домашен терен.
Här är herrlandslagets trupp till de två första EM-kvalmatcherna 🙌
🇸🇪-🇧🇪 | 24 mars på Friends Arena
🇸🇪-🇦🇿 | 27 mars på Friends Arena🎫 Matchen mot Belgien är för tillfället slutsåld – men se till att säkra plats mot Azerbajdzjan den 27 mars!
— Svensk Fotboll (@svenskfotboll) March 15, 2023
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…
Русија сака да одлучува наместо нас што…
Иран соопшти дека со шест дрона нападнал…
Иранската Исламска револуционерна гарда утринава соопшти дека…
Песков откри каде и кога ќе се…
Рускиот претседател Владимир Путин, неговиот кинески колега…
Мосад ја извести ЦИА за наводни планови…
Израелската разузнавачка служба „Мосад“ ја извести американската…
Снегот ги затрупа патиштата во Хрватска, а…
Во Хрватска, особено во планинските предели на…