Ивановска: Нема основа за отворање случај во ДКСК против премиерот Ковачевски за аферата “Броило”

Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска денеска информираше дека ДКСК нема основа за отворање случај против премиерот Димитар Ковачевски за случајот „Броило“. Ивановска во изјава за МКД.мк вели дека премиерот во својот анкетен лист уредно пријавил сѐ што поседува.
-Од податоците во анкетниот лист имаме сознанија дека тој не учествува во управувањето, а ги продал и сопственичките удели во фирмата. Оттука нема основ за покренување постапка за утврдување судир на интереси. Согласно Законот за спречување корупција и судир на интереси функционерот кога стапува на функција управувањето на фирмата треба да му го довери на друго лице кое не е член на неговото семејство, изјавила Ивановска.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ излезе со детали и обвинувања со аферата против премиерот Димитар Ковачевски што самите ја нарекоа „Броило“, а во која тврдат дека премиерот и неговиот кум преку две фирми станале доминантни во енергетскиот бизнис во земјава и „вртат милионски суми“, од кои дел се од државни тендери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДКСК казни 86 поранешни и актуелни функционери,…
Државната комисија за спречување на корупција објави список со…
ДКСК донела одлука: Наскоро ќе знаеме дали…
Пред четири дена, на 21 февруари, Државната…
(Видео) Ивановска: Актуелниот состав на ДКСК имаше…
Актуелниот состав на Државната комисија за спречување…
СДСМ: Скандалозна е одлуката на Антикорупциска за…
Скандалозна е одлуката на ДКСК во однос…
ДКСК со ново соопштение: Просветниот инспекторат е…
ДКСК како институција, при разгледување на секој…