Ивановска: Нема основа за отворање случај во ДКСК против премиерот Ковачевски за аферата “Броило”

t

Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска денеска информираше дека ДКСК нема основа за отворање случај против премиерот Димитар Ковачевски за случајот „Броило“. Ивановска во изјава за МКД.мк вели дека премиерот во својот анкетен лист уредно пријавил сѐ што поседува.

-Од податоците во анкетниот лист имаме сознанија дека тој не учествува во управувањето, а ги продал и сопственичките удели во фирмата. Оттука нема основ за покренување постапка за утврдување судир на интереси. Согласно Законот за спречување корупција и судир на интереси функционерот кога стапува на функција управувањето на фирмата треба да му го довери на друго лице кое не е член на неговото семејство, изјавила Ивановска.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ излезе со детали и обвинувања со аферата против премиерот Димитар Ковачевски што самите ја нарекоа „Броило“, а во која тврдат дека премиерот и неговиот кум преку две фирми станале доминантни во енергетскиот бизнис во земјава и „вртат милионски суми“, од кои дел се од државни тендери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

ДКСК го попари Николоски: Не постои никаква…

Државната Комисија за спречување корупција уште во…

Петровска: Нема ништо спорно околу набавката на…

Славјанка Петровска – актуелната министерка за одбрана,…

Еве што смеат, а што не функционерите…

Во пресрет на претседателските избори на 24…

ДКСК се „неписмени“, сметаат обвинителите

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…