Ивановска: По Кочани, ништо не се смени за една година системот остана ист

t

Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, упати остри критики за функционирањето на институциите, посочувајќи дека трагедијата од 16 март во Кочани е сериозен аларм за системските слабости.

Во гостување во емисијата Ноќно Студио на 4ТВ, Ивановска истакна дека и претходно имало анализи и укажувања за неправилности, но тие не биле соодветно третирани од институциите.

„Ме погоди трагедијата на 16-ти март во Кочани. Ние имавме истражувања, анализа направена за скопски кафулиња, каде што сме утврдиле дека имало инспекциски надзори дека треба да бидат затворени, но биле отворени и јасно е дека тука делувале некои центри на моќ коишто им овозможиле на тие локали да работат. Ги покажавме на јавна седница и ги испративме препораките до соодветни институции, но никому ништо“, изјави Ивановска.

Таа нагласи дека отсуството на реакција од надлежните институции покажува дека не се почитува ниту се вреднува вложениот труд, што, според неа, е доволен сигнал дека се потребни сериозни промени.

„Затоа велам дека нема почитување, не се вреднува работата, тоа е доволен аларм нешто да се направи. Зарем треба да изгори некој па после да имаме вонредни контроли? Па зошто имаме вонредни контроли? Затоа што немаме редовни! Ако системот функционира како што треба, тогаш нема што вонредно да се прави“, додаде таа.

На прашањето дали по една година има промени, Ивановска одговори кратко и децидно: „Не“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Техеран ќе ги користи метро-станиците како засолништа…

Жителите на иранскиот главен град Техеран ќе…

Канада го забрзува економското оддалечување од САД,…

Канада ќе ги забрза напорите за намалување…

Сириско училиште ги раздели момчињата и девојчињата…

Сириско училиште одлучи да ги раздели момчињата…

Судир меѓу полиција и демонстранти на протест…

Протест пред албанскиот Парламент, придружен со судир…