Ивановска: Претседателката на ДКСК да поднесе оставка затоа што ја инфицира комисијата
Поранешната прва антикорупционерка, Билјана Ивановска очекува од нејзината наследничка на функцијата Татјана Димитровска да си поднесе оставка по скандалот со нејзината вмешаност во предметот „Адитив“.
-Ова е тежок удар за општеството, граѓаните, институцијата и сите нас. Треба да гледаме како понатаму и да се бара чаре. На потег е Собранието што може да преземе. Сите членови и претседателката на ДКСК одговараат пред Собранието. Да се види какви контроли треба да се преземат. Не треба да се седи со скрстени раце. Прво и основно е дека претседателката најитно треба да си поднесе оставка затоа што на овој начин ја инфицира институцијата. Треба да се тргне за да може институцијата слободно да се чисти, рече денеска Ивановска пред медиумите.
Кривичниот суд за Димитровска одреди мерки на претпазливост. Одземен и е пасошот и доби забрана за работа. Таа се сомничи дека оддала службена тајна на еден од обвинетите во „Aдитив“, три месеци откако беше назначена на функцијата. Во петокот не се појавила на работното место.
Првата антикорупционерка ќе поседува дипломатски пасош до крајот на функцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството бара осуда, одбраната ослободителна пресуда за…
Обвинителството во завршните зборови за предметот во…
Чучуљ: Антикорупциската комисија нема надлежност да се…
ДКСК не е надлежна да се меша…
Левица: Скандалозен избор на Зајковска во ДКСК
Вчерашната одлука на собраниската комисија со која…
Апасиев поднесува кривична пријава против членови на…
Пратеникот Димитар Апасиев денес објави дека поднесува…
Левица: Дали кандидатка за член на ДКСК…
На собраниска комисија беа интервјуирани кандидатите за…