Ивановски обезбеди осминафинале на фјучерсот во Франција
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски славеше со 2-0 (6-2 и 6-4) против Метју Вилијам Доналд на почетокот на фјучерс-турнирот во Франција.
Чешкиот тенисер направи брејк на стартот против Ивановски и поведе со 2-0, меѓутоа македонскиот тенисер влезе во одличен ритам и со шест гема по ред стигна до 6-2.
Доналд се бореше храбро против Ивановски и во вториот сет, меѓутоа најдобриот македонски тенисер со брејк во 10. гем (6-4) обезбеди осминафинале на новиот турнир.
Ивановски во моментов се наоѓа на 477. позиција на АТП-листата и е на добар пат да забележи нов напредок.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема повеќе да роварат одвнатре – велат…
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија објави…
Денес започнува обврската за зимска опрема
Како и секогаш, и оваа година остануваме…
Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…
Русија сака да одлучува наместо нас што…
Иран соопшти дека со шест дрона нападнал…
Иранската Исламска револуционерна гарда утринава соопшти дека…
Песков откри каде и кога ќе се…
Рускиот претседател Владимир Путин, неговиот кинески колега…