Ивановски: Одиграв неверојатен турнир
Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски денеска го освои својот втор турнир со награден фонд од 25.000 долари откако триумфираше во Крамасх, Австрија.
Ивановски по освојувањето на турнирот изрази надеж дека следните победи ќе му бидат на уште повисоко ниво, на Челинџер и АТП турнири.
„Благодарност до сите за организацијата на турнирот. Секако и до мојот денешен ривал Жерар, против кого се надевам дека ќе играм и во иднина. Особено што двајцата сме млади и можеби следните мечеви ќе ни бидат на Челинџер или на АТП турнири. Одиграв неверојатен турнир. Имав добри мечеви, а притоа „морав“ да победам и неколку домашни тенисери“, изјави Ивановски при прогласувањето.
Македонскиот тенисер за победата ќе освои 25 поени, а како награда заработи и 3.600 долари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три пушки и три пиштоли пронајдени кај…
При претрес во Битола, пронајдено е оружје…
Воз излета од шини во Франција: Повеќе…
Најмалку 44 лица се повредени, од кои…
Грција петкратно го зголемува данокот на имот…
Грчката влада има намера значително да го зголеми…
Најмалку 12 лица повредени во рускиот напад…
Најмалку 12 лица се повредени во масовен…
УЈП ја објави листата на должници: 2.008…
Даночен долг кон државата од над 13,64…