Објавено на:

Ивановски пред утрешната трка: Подготвен сум, сакам цела Македонија да ужива!

t

Aтлетичарот Дарио Ивановски утре ќе ја претставува Македонија на Летните Олимписки игри во Париз, а во денешната изјава пред трката порача дека се чувствува подготвено и мотивирано.

Ивановски порача дека е во одлична форма и очекува да биде во првата половина.

„Целиот живот се подготвувам за овој настап. Овие три недели одлично ја темпирам формата. Мојата форма се зголеми и енергијата е прекрасна со сите спортисти околу мене. Се чувствувам подготвен за предизвикот. Очекувам да бидам во првата половина и да истрчам добра трка. Сакам цела Македонија да ужива“, изјави Ивановски.

Трката француската престолнина е закажана за утре со почеток од осум часот. Ивановски ќе биде и последниот македонски олимпиец кој ќе ја претставува Македонија во Париз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…