Ивановски: Филипче е врвен неврохирург, но не се снајде како претседател на СДСМ

t

Игор Ивановски, по повеќе од една деценија без јавни настапи на политички теми, во интервју на Тема на денот на Сител остро проговори за состојбите во СДСМ и за лидерството на Венко Филипче.

Тој нагласи дека нема ништо лично против Филипче, но направи јасна разлика меѓу неговата професионална кариера и неговата улога како претседател на СДСМ.

„Јас Венко Филипче го знам од моите седумнаесет години и немам ништо лично против него. Напротив, секогаш во животот сум му помагал и веројатно нема друг кој повеќе посакуваше тој да успее како претседател на СДСМ“, изјави Ивановски.

Сепак, според него, Филипче не успеал да се снајде во партиската лидерска улога.

„Да, Венко е одличен неврохирург, да не кажам најдобриот. Тоа не е мое да го судам. И тоа мислење го имам и сè уште го имам. Тој секогаш сака да помогне“, рече Ивановски.

Но, веднаш потоа додаде:

„Јас и во изминатиот период, но и сега, еве јавно, и тоа ќе биде прв и последен пат, зборувам за него како претседател на СДСМ. И тој во таа улога не може да се снајде“.

Ивановски оцени дека СДСМ мора да направи целосен дисконтинуитет доколку сака повторно да стане конкурентна политичка сила.

„Венко Филипче како претседател треба да направи целосен дисконтинуитет на СДСМ, за партијата повторно да биде конкурентна, да има нов почеток, кадровски, програмски и концептуален“, порача Ивановски.

Тој додаде дека во изминатиот период имало добронамерни сугестии и предлози, но тие не биле реализирани.

„Добивавме ветувања дека ќе се случат некои промени и тоа траеше подолг временски период, но тоа не се реализира“, рече Ивановски.

Според него, проблемот во СДСМ е недостигот на вистински дијалог и дебата за суштинските прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митровски: Михајлов стана Бугарин кога стана осуден…

Адвокатот Јанаки Митровски, во објава на Фејсбук,…

Зеленски: САД вршат притисок Украина да капитулира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неодамнешните…

Трамп ја брани одлуката за Русија: Украина…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја образложи својата…

Бунт во СДСМ по катастрофата во Брвеница…

Остри критики кон раководството на СДСМ предизвика…

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница…

Министерството за внатрешни работи соопшти дека изборниот…