Иванов: Да работиме на изградба на просперитетна, богата и силна Република Македонија

t

Поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов преку социјалните мрежи ја честиташе независноста на државата.

-Почитувaни сограѓани, на 8. Септември 1991 година го оствариме вековниот стремеж за слободна и независна македонска држава. Гласајќи за независноста и сувереноста на Република Македонија им се оддолживме на нашите предци и се обврзавме кон нашите потомци.

Прогласувајќи независност, изменивме многу планови. Со тоа се изложивме на неизвесноста да бидеме исклучок од многу правила. Слободата ја постигнавме, но правдата ни беше ускратувана. Патот до меѓународното признавање, беше, а и сѐ уште е исполнет со двојни стандарди, негирања и блокади. Како држава и општество бевме, а и сега сме обесправени.

Но, мораме да се бориме за правата што сами по себе ни следуваат – правото на самоопределување, човечко достоинство и просперитет.

Сплотени и единствени мора да продолжиме да работиме на изградба на просперитетна, богата и силна Република Македонија. Да градиме држава во која решенијата ќе се носат внимателно и мудро.
Одлуките донесени на овој историски референдум што ја дефинираше самостојноста и сувереноста на Република Македонија беа, и остануваат да бидат обврзувачки за секој еден од нас.
Нека ни е честит 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија“, напиша Иванов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…

Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…

Се обидуваме да ја развиваме државата, да…