Иванов: Францускиот предлог е успех за Бугарија
Францускиот предлог за европски гаранции за исполнување на бугарските услови од Македонија е успех за Бугарија. Отфрлањето на тоа е пропуштање можност за добар договор, изјави за БНР копретседавачот на партијата „Демократска Бугарија”, Христо Иванов.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Иванов, Бугарија е на пат да ја пропушти можноста за добра зделка што ја направи француското претседателство. Најважниот параметар на овој договор, како што вели, е дека ќе има обврска од Европската комисија да следи дали Северна Македонија ќе ги вклучи Бугарите во уставот на земјата како другите народи кои се основачи на републиката, а не како малцинство.
-И ако тоа не се случи, нема да има преговори за првото поглавје. Ова е успех за бугарската дипломатија и ова не е национално предавство, рече Христо Иванов.
Тој го критикуваше однесувањето на министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска. Надворешната политика на Бугарија ја одредува владата на државата. И од оваа гледна точка, според Христо Иванов, секој министер кој тврди дека можеби има некоја друга политика едноставно си поднесува оставка, како и обично. А тоа го направи кога беше министер за правда на Бугарија за време на третата влада на Бојко Борисов помеѓу 2015-2017 година
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: БУГАРИЈА ГИ ДРЖИ ВО ЗАЛОЖНИШТВО ЕВРОПСКИТЕ…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека европските перспективи…
Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради…
Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ)…
Јотова победи кај Бугарите во Македонија
Сега веќе новата бугарска претседателка Илијана Јотова…
Над 56.000 Бугари гласале „за никого“ на…
Илијана Јотова оствари убедлива предност пред Андреј…
Јотова ја слави победата на претседателските избори…
Илијана Јотова по изборната победа им се…