Ивон Величковскки со шокантен статус: Постои подземна коалиција Заев-Мицкоски поврзана со лицата од „црната листа“

t

Протестите во Чашка – одбрана на “подземната коалиција” за Дака, Анѓушев, Самсоненко… и следните на “црната листа”

Прашање на време беше кога екс-премиерот Заев ќе излезе во одбрана на својот вицепремиер Анѓушев. Колега професор на Мицкоски, “угледен стопанственик по избор на Заев, делегиран во Владата” од Стопанската комора на Македонија.

Во нивно време Давидовиќ-Дака “инвестира” во тетовски “Јелак” сосе Шара и во Овчеполието, на два-триесет километри воздушна линија од “Криволак”. Со “сесрдно разбирање” на Владата на РСМ и локалните совети во кои се и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ (во Тетово и ДУИ).

Истиот Дака од американската “црна листа” поради корупција преку која во Западниот Балкан се шири руското малигно влијание.

За овој “инвеститор” реагиравме само неколкумина пред изборите 2020.

Истите коишто реагиравме дека “лидерската средба” Заев-Мицкоски-Пендаровски пред тие избори е само најава за “подземна коалиција за Република Македонска”, штом југо-советските тајкуни губат влијание во натовска Македонија.

И сега тече обидот да се реплицираат состојбите, политичките ликови и тенденциите од 2020 за 2024.
Затоа, време е да се охрабрат проевропските и проевроатланските дел од сите партии, а особено од владејачката коалиција да не потпаѓаат под

Последните уцени на “подземната коалиција”:

1. Дека “ќе им ја ускратат поддршката за изборите”. Да ги поддржуваа процесите и, преку нив, своите партии – ќе ги поддржеа ЕУ интеграциите и за уставните промени ќе осигураа 118 од 120 пратеници.

2. Дека “ќе ги поделат партиите и самостојно ќе се кандидираат на избори”. Партиите какви што ги знаеме одамна се длабоко поделени.

3. Дека “ќе ги радикализираат Македонците”: Ова веќе се тестира во Чашка, низ реплика на протестите против Педагошка академија со настава на албански од 1997. 25 години потоа, имаме 2 државни универзитети на албански – и никому тоа не му пречи.

Денес никој учесник на протестите 1997 не сака да биде посетен дека всушност бил само употребен за поларизација што не воведе во 2001.

Прашање на време и цена по општеството е кога ќе се сфати дека во 2023 Чашка се користи како кордон во одбрана на Анѓушев, Самсоненко, Камчев и сите досегашни и идни имиња на црната листа. А не за одбрана на Македонија или на Македонците. Затоа што Македонецот никому не сака да спречи настава на мајчин јазик – оти до 1945 нему му ја спречувале.

Како што 1996-97 се проектираше одвојувањето на Македонија од Словенија на патот кон интеграциите, така денес се проектира одвојувањето на Македонија од Албанија на патот кон ЕУ.

Затоа дипломатските пораки од Вашингтон се се помалку дипломатски кон белградските структури во Скопје, Тетово, Велес и Струмица.

Македонците овие пораки ги разбираат оти се сојузници во НАТО и сакаат да бидат дел од ЕУ. Само некои сегашни и поранешни функционери-Македонци глумат дека не ги разбираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат…

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим…

Апасиев очекува над 80 илјади гласови и…

Резултатот од првиот круг реално беше очекуван,…

Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна…

САД засега нема системи за противвоздушна одбрана…

Мојсковска: Левица со антикорупциска платформа ќе се…

Денес, носителот на листа на ИЕ5 од…

Таџикистан им нареди на своите граѓани привремено…

Министерството за надворешни работи на Таџикистан упати…