Ивор Мицкоски: Мицкоски е епски промашај – иди бре мавни се не те бива за к*рац
Мицкоски е епски промашај веќе од поодамна и срамота е да предводи некаква опозиција.
Срамота е зошто просторот на опозицијата, трудот на луѓе кои аргументирано и со години критикуваат општи небулози, криминали и корупции на сите партии, се обезвреднети од вакви лажни опозиционери.
На сите катастрофи и криминали што се случија, на цело самоволие во преговорите со Бугарија, на сите длабоки и системски грешки, овој си игра некаква политика за мали деца, само ја заматува водата наместо нешто да разбистри и цело јебано време он е во некој его-трип спотлајт као да е принцеза.
Па иди бре мавни се ако не те бива, а не те бива за курац.
Власт може да си дозволи да биде половична, да прави криминал и корупција, ама опозиција да дише со цевче, да не мрда со мало прсте, да прави криминали и истото срање, па дури и полошо, од што го прави власта, е тоа е забрането за една опозиција.
Власта каква-таква некаква политичка линија држи, овој нема линија, нема правец, нема визија за светот.
А што е работа на еден политичар ако не да ги поврзува проблемите меѓу себе, еден со друг и така да претстави некоја визија и решение.
И сега веќе не се ни однесуваат конзервативно, сега се обични реакционери, контраши од незнање, неспособност и немање волја нешто навистина политички да сработат.
Додека изборите ги частеа, пример локални, и тоа не по нивна заслуга, туку заради забеганоста на власта, се држеше Мицкоски некако на позиција.
Сега кога ги носи во нови мракови и ново политичко редимензионирање кое ќе се преведе во изгубени гласови, ќе види и тие што го донесоа и тие што демек го поддржуваат како брзо и експедитивно прво ќе му пресудат и веднаш потоа и ќе го шутнат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…