Игор Ивановски-Шема се враќа со партиска функција во СДСМ?

t

СДСМ во понеделник на централниот одбод на партијата ќе ќе го промовира новиот Совет за креирање и имплементација на политики кој ќе го предводи Игор Ивановски, дознава Телма од високи партиски функционери

Игор-Ивановски е поранешен висок партиски функционер на партијата, универзитетски професор на скопскиот Економски факултет по професија, со неколку мандати како пратеник. Беше дел и од претседателскиот кабинет на Бранко Црвенковски.

Како пратеник беше дел од пратеничката група на СДСМ и коалицијата кои на 24-ти декември 2012-та (црн понеделник) кои беа исфрлени од собраниската сала затоа што протестираа против новиот годишне буџет, а откако застанаа пред собраниската говорница, тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ употреби повеќе полициски службеници во цивилно, од единицата АЛФИ, за да ја исфрлат опозицијата од Собранието.

Ивановски е дел од таканареченото скопско крило на партијата, а од Скопје треба да биде избран и еден од 4-те потпретседатели на СДСМ. Според извори на Телма, ова место се уште не е пополнето, а има 4 кандидати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ