Игор Стефановски-Иџе пред историска шанса за освојување на нова европска титула

t

Бренд амбасадорот на Видеолотарија Касинос Австрија, Игор Стефановски Иџе е во Хрватска, каде викендов ќе има финалeн настап во оваа сезона на последната трка од Европскиот шампионат на ридски патеки (ЕHC), во Бузет, Хрватска.

Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе викендов ќе го заокружи својот поход во рамки на Европскиот шампионат на ридски патеки. Во неговата група, слободно може да се каже дека шампионската позиција е веќе извесна. Бузет е една од легендарните трки во европскиот календар со импресивна конкуренција во сите категории.

„Ова е последната трка од Европскиот шампионат на ридски патеки. За мене ова е историска шанса за освојување на европската титула. Мојата цел е освојување на европскиот трон во генерален пласман со повеќе од 350 натпреварувачи, кои се појавија на сите натпревари во рамки на шампионатот. Мој најголем ривал во моментов е францускиот натпреварувач Николас Вивер, кој вози со целосна поддршка на тимот од најпознатиот и најуспешен рели натпреварувач, Себастијан Лоеб. Ако успееме, ова ќе биде историска, трета европска титула од спортист и спортски клуб во Македонија досега“, вели Стефановски.

Видеолотарија Касинос Австрија силно верува и го поддржува летечкиот Македонец во неговите шампионски амбиции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобил и автобус на ЈСП се судриле…

Патничка во скопски градски автобус вчера завршила…

Вкупно 31 пожар на отворен простор се…

Вкупно 31 пожар на отворен простор се…

Денес се празнуваат Светите маченици Агатоник, Зотик…

Свети Агатоник беше никомидиски граѓанин, по вера…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Сончево и топло со мала до умерена…

Неподнослива смрдеа во Скопје – ЦУК и…

Граѓани со часови се жалат за неподносливата…