Играат со срце: Младинците на Хајдук го расплакаа Милан за пласман во финале на ЛШ!
Младите фудбалери на хрватскиот гигант Хајдук денеска го декласираа Милан со 3-1 во полуфиналето на младинската Лига на шампиони (ЛШ).
Иако „росонерите“ имаа поголем број на шанси, сепак ниту една од нив не искористија во првото полувреме, а потоа во вториот дел од мечот пристигна казната.
Јере Врчиќ најпрво во 51. минута погоди за водство од 1-0, а предноста на Хајдук ја зголеми Рокас Пукштас во 69. минута од дуелот.
Хајдук постигна и трет гол преку Шимун Хрговиќ во 76. минута, по што стана јасно дека хрватската екипа ќе игра во финале на ЛШ, па така до крајот на мечот Милан успеа само да намали на 1-3.
Младинците на Хајдук ќе се борат за трофејот во ЛШ против холандски АЗ Алкмар, кој претходно славеше со 4-3 на пенали против Спортинг Лисабон.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонските аеродроми рушат рекорди
Аеродромите рушат рекорди и тоа е резултат…
Мицкоски: Од длабок минус дојдовме до точка…
Индустриското производство е позитивно и тоа е…
„Турска серија“ во Штип: Турци ограбиле сограѓани,…
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ш.Т.(23),…
Од утре задолжителна зимска опрема за сите…
Од утре, 15 ноември, стапува во сила…
ПИШТОЛ ПРОНАЈДЕН КАЈ УЧЕНИК ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ…
На 13.11.2026 во 14:40 часот во средно…