Играње топло-ладно: ЕСМ се уште ја крои понудата за нова цена на струјата
Ниту владата ниту државната ЕСМ не откриваат која ќе биде цената со која државните елктрани ќе се појават на тендерот на ЕВН Хоум. Иако последниот збор ќе се решава на Илинденска број два, од таму не препратија одговор да бараме во ЕСМ.
„Прашањата да ги упатите до ЕСМ од каде ќе добиете најрелевантен одговор“, наведуваат од Владата.
Од ЕСМ велат дека засега не ја имаат формирано цената, се уште правеле пресметки. И покрај тоа што директорот на оваа државна фирма Васко Ковачевски за Алсат потенцираше дека наместо задолжителните 60 отсто од потребната струја за домаќинствата, ќе биде обезбедена целата количина, сега велат дека и натаму анализираат дали ќе може да обезбедат повеќе струја од законски утврдената количина.
„Пресметките во посебно изготвена Информација ќе бидат испратени до Владата на Р. Северна Македонија, која на затворена седница ќе донесе одлука со препорака кон АД ЕСМ во однос на цената и количината, по што АД ЕСМ со истите, во затворена понуда, ќе аплицира на јавната набавка на ЕВН Хоме“, велат од ЕСМ.
Играње топло-ладно со вакви чувствителни информации се недозволиви во моментов, коментираат експерти за Алсат. Очекувањата на познавачите се дека ЕСМ ќе понуди драстично пониска цена од од онаа која струјата се продава на светските берзи.
„Моменталните цени на електричната енергија на берзата Хупекс за јули август и септември изнесуваат 287 евра за мегават час, а за во 2023та година 243 евра. Бидејќи ЕСМ има сопствено производство, но иако не е доволно ќе даде многу пониска цена на тендерот на ЕВН а не по пазарната бидејќи е општествено одговорна компанија. ЕСМ минатата година ја заврши со милински минус, така да одлуката за цената ќе биде повеќе политички договорена од колку моменталната пазарна цена со цел да се заштитат домаќинствата. Сепак, ќе недостасуваат сериозни количини на енергија кои ќе мора да се купуваат по пазарните цени“, вели Сања Божиновска, енергетичар.
Крајниот рок за достава на понудата на ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум е на 24 јуни. Понудата на државните електрани има најголемо учество во финалната цена на струјата која ја плаќаат граѓаните.
Извор: Алсат ТВ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Автосервис во Штип крадел струја: Штетата е…
Во сервис за возила на улица „Железничка“…
ВМРО-ДПМНЕ: Приговорот на ЕСМ е доказ за…
Приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите…
Мицкоски: ЕСМ вложи жалба за предметот со…
Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека ЕСМ вложило…
Делови од Ѓорче Петров и Петровец денеска…
Корисниците во делови од Ѓорче Петров и…
ЕСМ поднесе приговор до ОЈО ГОКК за…
ЕСМ поднесе приговор за затворената истрага за…