Иживување: Сyдот го примора Камчев позитивен да оди на сyдење – Лиле Стефанова стана и доктор
Позитивен на коронавирусот е бизнисменот Орце Камчев кој денеска присуствуваше на рочишетето за судењето за „Плацeви на Водно“ во кој е обвинет. Неговиот адвокат Гоце Ристовски ова го соопшти пред судијата Илија Трпков на почетокот на рочиштето. Додека ова го говореше Ристовски, Камчев седеше во агол во судницата каде што немаше други лица.
– Обвинетиот Јордан Камчев имал контакт со заболен, има симптоми на висока температура и доби боледување од матичен лекар, при што е извршено тестирање и вчера кај него е детектирано присуство на ковид-19 на брз антигенски тест на ковид-19. Согласно Уредбата на Владата обвинетиот Камчев треба да е во самоизолација, но тој е присутен бидејќи сѐ уште нема Решение – рече адвокатот Ристовски.
Обвинителката Лиле Стефанова, пак, рекла дека тестот кој бил направен вчера покажува дека лицето некогаш имало контакт со вирусот, а не дека е позитивно.
По ова, судењето за „Плацови на Водно“ се одложи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во кампот за мигранти на север во…
Судири меѓу мигрантите и полицијата избувнаа во…
Ако одите во Грција погледнете го распоредот:…
Возачите од Македонија кои вечерва патуваат кон…
(Фото) Украина ѝ врачи орден од прв…
Орден „Принцеза Олга“ од прв степен доби…
(Видео) Украински дронови трета ноќ по ред…
Во масовен бран напади со украински беспилотни…
Почнува судењето против поранешниот вицепремиер Артан Груби…
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска…