Објавено на:

Избори во Палестина за прпвпат во 20 години

t

Палестинскиот претседател Махмуд Абас со указ го одреди 28 ноември за одржување парламентарни избори, кои ќе бидат први по повеќе од две децении.

Според палестинската новинска агенција WAFA, право на глас ќе имаат Палестинците од Западниот Брег, Источен Ерусалим и Појасот Газа.

Последните парламентарни избори беа одржани во јануари 2006 година, кога исламистичкото движење Хамас освои мнозинство во Палестинскиот законодавен совет.

Една година подоцна, по вооружените судири со движењето Фатах, Хамас ја презеде контролата врз Појасот Газа, по што парламентот практично престана да функционира. Палестинскиот уставен суд го распушти законодавниот дом кон крајот на 2018 година.

Сепак, останува неизвесно дали изборите ќе се одржат според планот и под какви услови. Израел го смета Источен Ерусалим за дел од својот главен град и не дозволува официјални политички активности на Палестинската самоуправа во тој дел од градот, додека во Појасот Газа Хамас и понатаму е главниот политички фактор, и покрај војната со Израел.

Во указот се наведува и дека претседателските избори се планирани за првиот квартал од 2027 година. Последните претседателски избори во Палестина се одржаа во 2005 година, кога победи Махмуд Абас, чиј четиригодишен мандат истече во 2009 година, но изборите потоа повеќепати беа одложувани или откажувани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Избори во Палестина за прпвпат во 20…

Палестинскиот претседател Махмуд Абас со указ го…

Бугарите загрижени по изјавите на новиот унгарски…

Најавената поддршка од новиот унгарски премиер Петер…

Моника Зајкова ќе биде потпретседателка на Парламентарното…

Македонија ќе има претставник во највисокото раководство…

„Борбата против Иран не е завршена, ќе…

Началникот на Генералштабот на израелската армија (ИДФ),…

Тетовчани местеле лажна сообраќајка, ама ги фатиле…

Двајца тетовчани сакале да наместат лажна сообраќајка…