Изборниот материјал во Албанија ќе биде и на македонски јазик
Изборниот материјал за парламентарните избори во Албанија, што ќе се одржат на пролет в година, ќе биде и на македонски јазик, како и на јазиците на останатите осум малцинства, признати со законот од 2017 година, сооопшти претседателот на Централната изборна комисија Илирјан Целибаши на средба со претставниците на националните малцинства.
– На средбата со националните малцинства истакнав дека изборните материјали ќе бидат преведени на мајчин јазик, за деветте национални малцинства – порача Целибаши.
Единаесеттитте парламентарни избори во Албанија по соборувањето на тоталитарниот режим ќе се одржат на пролет, во последната недела од април или првата од мај. Датумот треба да го одреди шефот на државата Бајрам Бегај, кој во средата ги почна средбите со политичките партии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…
Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…
(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…
Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…
Рама најави построги казни за протестите во…
Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…
Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…
Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…