Објавено на:

Избувнаа уште четири пожари кај Задар

t

Надлежните служби соопштија дека пожарникарите во текот на ноќта не успеале да го стават под контрола големиот пожар што избувна кај Брбиње на Долги Оток, и покрај целоноќната борба со пламените јазици околу куќите и викендичките. Во текот на ноќта избувнале уште 4 пожари на копнениот дел од Задарската жупанија, во подрачјата на Галовац, Земунник и Мостар. Сите биле ставени под контрола за околу еден и пол до два часа.

Како што објави „Индекс“ канадери пристигнале на помош, поради непристапниот и стрмен терен.

На терен се околу 100 пожарникари, меѓу кои локални сили и 50 пожарникари од копното со 17 противпожарни возила. Во текот на ноќта пожарот се поделил на два крака, долги околу еден километар и 600 метри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Регистрирани 26 пожари на отворено, шест сѐ…

Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно…

(Видео) Страшни слики во Албанија: Пожар уништи…

Голем шумски пожар синоќа избувнал на територијата…

Вкупно 31 пожар на отворен простор се…

Вкупно 31 пожар на отворен простор се…

Девет активни пожари на отворено во Македонија

До 13 часот денеска во државава се…

ЦУК: 17 пожари на отворен простор, од…

Во текот на денешниот ден до 18…