Извештај на народниот правобранител: Притвореници спијат на душеци на земја, затвор без вода за пиење

t

Притвореници кои спијат на душеци на земја, затвор без вода за пиење, полициски станици без простории за разговор со деца, отсуство на соодветна здравствена заштита… Ова се дел од недостатоците кои се нотирани во годишниот извештај на Националниот превентивен механизам (НПМ) зад кој стои канцеларијата на народниот правобранител. Минатата година, тимовите на правобранителот биле во 13 ненајавени посети на затвори, полициски станици и психијатриска установа.

„Недостатокот на кадар, недоволните материјални ресурси, ограничениот пристап до здравствени услуги, несоодветните услови во дел од установите и потребата од континуирана обука на персоналот не претставуваат изолирани проблеми на поединечни институции, туку системски предизвици кои бараат координиран и долгорочен институционален одговор“, изјави Соња Трифуновска, заменик Народен правобранител.

Додека во најголемиот македонски затвор „Идризово“ се прошируваат капацитетите за да се реши пренатрупаноста, во кумановскиот затвор „Кшање“ се создава нов проблем, бидејќи се примаат притворски случаи од скопскиот Кривичен суд, иако затворот не е надлежен за таа територија. За притворениците и осудениците речиси и да нема вода за пиење, а ограничени се и количествата на техничка вода поради што е нотиран проблем со хигиената.

„Како последица на пренатрупаноста, во повеќе притворски простории беа затекнати душеци со постелнина, поставени директно на подот, на кои преноќуваа притворени лица. Дополнително, повторно беше нотиран и долготрајниот проблем со обезбедувањето вода за пиење“, истакна Трифуновска.

Проблем со санитарните јазли има во отворениот затвор во Струга, а Народниот правобранител има сериозни забелешки на планот на надлежните тој затвор да се пренамени за прифаќање на осудени женски лица додека во Охрид, каде што казна издржуваат малолетни лица, мора да се вработат стручни лица, бидејќи со децата работи само еден психолог.

Со извештајот се опфатени четири полициски станици.

„Речиси во сите посетени полициски станици беше констатиран недостиг на кадар, што претставува еден од клучните предизвици за нивното секојдневно функционирање. Дополнително, беше забележана практика на прераспоредување на полициски службеници на работни позиции и задачи за кои претходно немале работно искуство. Недостаток во полициските станици на посебно опремени простории за разговор со деца. Во најголемиот дел од посетените полициски станици такви простории не постојат, поради што разговорите со деца се спроведуваат во канцелариите на инспекторите за деца, односно за малолетничка деликвенција“, додаде Трифуновска.

Во извештајот стои дека психијатриската установа во „Демир Хисар“ е под сериозен притисок поради недостаток на кадар и технички услови и поради тоа има проблеми со бегства на пациенти, а регистрирано е и едно самоубиство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на народниот правобранител: Притвореници спијат на…

Притвореници кои спијат на душеци на земја,…

Охриѓанец возел со 1,51 промили алкохол во…

Лишен од слобода маж од охридско, со…

Муцунски: Ужасно сум разочаран од одговорот што…

Министерот за надворешни работи , Тимчо Муцунски,…

Радикално се менува начинот на пристапување кон…

Европската комисија изготвува планови за да им…

Безбeден град и во Охрид, камерите снимаат…

Камерите се поставени и снимаат но системот…