Извори на Курир тврдат дека и екс-премиерот Ковачевски е дел од истрагата за Лотарија
Во истрагата за сомнежите за криминал во Лотарија на Македонија вклучен е и екс премиерот Димитар Ковачевски, дознава Курир од извори во истрагата. Се проверува неговото работење и влијание во случајот.
Полициски екипи утринава вршат претреси на повеќе локации поради сомнеж за сторен организиран криминал во Лотарија. Според информации на Курир, претрес е извршен и во домот на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, но како што е познато тој не е пронајден.
Извори за Курир брифираат дека се трага и по екс директорот на Лотарија, Прпарим Бајрами за кој постои сомнеж дека пред неколку месеци избегал во Косово.
При извршените претреси, неофицијално пронајдена е поголема сума на пари.
Артан Груби, од пред само два дена „поранешен“ висок функционер на ДУИ се наоѓа на Косово.
Извор: Курир
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дизелот станува новиот проблем на светската економија
Додека најголем дел од вниманието традиционално е…
Бугарија поставува антидронски системи околу критичната инфраструктура
Само неколку стотини километри од Македонија, Бугарија…
Следната недела може да биде една од…
Додека светот е фокусиран на Блискиот Исток,…
Германија ја подготвува целата држава за можен…
Германија мора да биде подготвена за сценарио…
Патник приведен пред лет од Скопје –…
Седум парчиња муниција биле пронајдени во рачниот…