Извршен поврат на солидарен данок од  1,219 милијарди денари  кон 119 компании

t

Близу 20 милиони евра досега се вратени кон 119 компании, кои во текот на 2023 година уплатија средства во Буџетот согласно Законот за данок на солидарност.

Министерсвото за финансии согласно утврдениот модел, од минатата недела започна со исплата на првиот дел од уплатените средства во Буџетот и досега се вратени вкупно 1,219 милијарди денари.

Компаниите во текот на 2023 година уплатија во Буџетот 3 милијарди денари согласно усвоеното законско решение во Собранието. По поништување на Законот од страна на Уставниот суд, државата имаше обврска да ги врати средствата. Во рамки на транспарентна постапка, заедно со компаниите беше утврден модел за враќање на средствата во два дела кои што ќе се реализираат во март 2026 и март 2027 година.Повратот на средствата се врши врз основа на доставено барање од страна на компаниите до Управата за јавни приходи, а врз основа на донесен Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за враќање на повеќе или погрешно наплатен данок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Владата троши, народот штети – Фискална…

Во Собранието пристигна Предлог-ребалансот на Буџетот за…

УЈП открива: Три познати бензиски пумпи сакале…

Денеска до полноќ треба да завршиме уште…

Трговец со електрична енергија сеуште не сака…

Компанија која тргува со електрична енергија сеуште не платила…

Ситуацијата со долгот на Америка рапидно се…

Задолжувањето на САД оваа година е на…

Издадена е втората граѓанска обврзница од 17…

Издадена е втората граѓанска обврзница во износ…