Трговец со електрична енергија сеуште не сака да плати 5 милиони евра солидарен данок

t

Компанија која тргува со електрична енергија сеуште не платила солидарен данок од 5 милиони евра. Ова е највисокиот еднократен кризен данок кој не е платен и по изминување на законски определениот рок, брифираат од УЈП.

Веќе е познато дека досега најголемиот платен данок доаѓа од челичарницата „Макстил“, но во другиов случај станува збор за дополнително оданочување кое сеуште не е подмирено како обврска.

Компанијата должи 294,6 милиони денари, а рокот е пробиен од 25 октомври. Доколку до 24 ноември не биде уплатена сумата, ќе следува мерка – блокирање на сметката.

Од УЈП велат дека опомените на неплаќачите веќе им биле доставени, а главното оправдување од компаниите било дека немале доволно средства во моментот.

Вкупно 26 компании сеуште го немаат подмирено солидарниот данок, а висината што треба да ја платат е 726,6 милиони денари. Од нив, 12 се од Скопје.

Меѓу нив по две имало од дејнсотите коцкање и обложување, изградба на станбени и нестанбени објекти и продажба на санитарија и дрвена маса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лукаревска: „Мој ДДВ“ е најуспешен проект не…

Има повеќе процеси кои што сме успеале…

15.548 работници не земале плата за ноември

Ноемвриска плата чекаат 15.548 работници. Податоците заклучно…

Мрежа на нафтени компании сакале да го…

„Сања Лукаревска е член на СДСМ од…

За два месеци бројот на вработени се…

Во последниве месеци се намалува како бројот…

УЈП открива: Три познати бензиски пумпи сакале…

Денеска до полноќ треба да завршиме уште…