Изгаснат пожарот во Штип – очевидец тврди дека го подметнале две лица

t

Пожарот што изби во атарот на селото Долани, Општина Штип е изгаснат, потврдија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во гаснењето на огнената стихија помагал и локалец, кој тврди дека пожарот бил подметнат.

„По сведочењата од еден селанец, кој се здобил со лесни телесни повреди при обид за гаснење, пожарот бил подметнат од две непознати лица кои побегнале“, соопштија од ЦУК.

Во пожарот горила голема површина сува трева, стрниште и нискостеблеста шума.

„Во гаснењето учествуваше противпожарната бригада од Штип со 4 возила и 15 пожарникари, доброволното противпожарно друштво со 2 возила и 6 доброволци, механизација од јавното претпријатие ‘Стипион’ од Штип, со 4 трактори кои направиле појас пожарот да не се движи кон селото, како и пожарникари од Радовиш едно возио и оператор на дрон“, нагласуваат од ЦУК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајден починат маж во автомобил на паркингот…

Вчера во 19:46 часот во СВР Куманово,…

Во Црна Гора откриен нелегален магацин со…

Црногорската полиција соопшти дека пронашла 13,5 тони…

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека…

Растот на македонската економија од 4,3% во…

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското…

Денеска навршуваат 17 години од трагедијата на…