Изгласани измените на Законот за субвенциониран студентски оброк

t

Собранието попладнево со 74 гласа „за“, без против и воздржани, го донесе Закон за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк. Како што беше посочено на седницата, со ова ќе биде задоволено барањето на Универзитетско студентско собрание – УКИМ за надминување на техничките бариери со кои се соочуват студентите.

Оваа точка беше ставена на дневен ред на собраниската седница откако во понеделникот студентите на протест искажаа револт од ненавремената исплата на продолжените студентски стипендии, од задоцнетите исплати на ваучерите за превоз, од доцнењата со исплатите по склучувањето на спогодбите за ретроактивна исплата на стипендиите и проблемите со мерката субвенциониран студентски оброк.

Во попладневниот дел од седницата беше завршена општата расправа по повеќе предлог одлуки, за кои пратениците дополнително ќе се гласаат.

Пратениците ја почнаа расправа по Предлогот за избор на судија на Уставниот суд. Станува збор за професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, Ана Павловска-Данева, да биде нова уставна судијка.

Претседателот на Собранието Јован Митрески во 18 часот ја прекина работата по оваа седница и за утре најави нејзино продолжување.

Претходно, Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Измените, меѓу другото, предвидуваат објектите за игри на среќа да бидат оддалечени не помалку од 500 метри од основните и средните училишта, со цел, како што се вели во законот, заштита на младата популација од лоши и несоодветни навики за нивната возраст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Децидно сум против бирање на претседател…

Претседателот на државата, неговата сила и функција…

Ана Брнабиќ избрана за претседател на Народното…

По тридневна расправа за избор на претседател…

СДСМ: Претседател се бира на непосредни избори,…

Остануваме на ставот претседателот на државата да…

Денеска ќе се бираат новите министри за…

Собранието денеска треба да ја продолжи 143.…

Изгласани измените на Законот за субвенциониран студентски…

Собранието попладнево со 74 гласа „за“, без…