Изгласан законот за 18000 денари минимална плата
Со 90 гласа „за“, без ниту еден „воздржан“ или „против“ Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за минимална плата, кои треба да овозможат нејзино покачување на 18 илјади денари.
И на денешното, како и на претходните продолженија на расправата за Предлог измените на Законот за минимална плата, можеа да се слушнат различни мислења од пратениците од партиите на власт и од опозиција.
Пратениците од владеачкото мнозинство во неколку наврати истакнаа дека покачувањето на минималната плата е чекор кон подобрување на стандардот на граѓаните.
Пратениците од опозицијата жалат што не е прифатен нивниот амандман за скалесто зголемување на платите во јавниот сектор.
Македонија ќе одвои 16 милиони евра за надокнадување на разликата на придонесите на платите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Огласи за пет вработувања во Собранието, платите…
Отворени се огласи за пет работни места…
Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…
Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на сеќавање…
По повод 11 Јули – Меѓународниот ден…
Денеска ќе бидат доставени имињата на новите…
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во текот…
Собранието ја изгласа потребата за носењето на…
Собранието со 59 гласа „за“, три гласа…