Изгоре куќа во беровско Русиново – апел за помош за семејството
Апел за помош по пожар во Русиново – објава на Петар Ружински, градоначалник на Берово
Почитувани сограѓани,
Голема трагедија го погоди нашето село Русиново. Во пожар целосно изгоре семејниот дом на Војо и Вера Милошовски, кои останаа без покрив над главата и без основните услови за живот.
Во овие тешки моменти, како заедница, можеме да покажеме дека солидарноста и хуманоста се нашата најголема сила.
Ги повикувам сите граѓани, компаниите и луѓето со добра волја, согласно своите можности, да помогнат во обновата на нивниот дом.
Средствата можете да ги уплатите на следнава сметка:
Примач: Верка Милошовска
Трансакциска сметка: 200002315344014
Депонент на Стопанска Банка
Цел на дознака: Хуманитарна помош за опожарена куќа
Секоја донација, без разлика на износот, значи надеж и чекор поблиску до нов почеток за ова семејство.
Ве повикувам да го споделите овој апел, заедно да допреме до што поголем број хумани луѓе.
Ви благодарим за вашата солидарност и хуманост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изгоре куќа во беровско Русиново – апел…
Апел за помош по пожар во Русиново…
Жителите на Русиново стражарат и внимаваат да…
Жители на беровското село Русиново остануваат на…