Изгоре угостителски објект на државниот правобранител Речи во Охрид
Пожар рано изутринава избувна во угостителски објект во зградата на Градски пазар, на булеварот „Туристичка“ во Охрид.
Пожарот некаде во 3:30 часот бил пријавен во Територијалната противпожарна единица која веднаш интервенирала со две возила, така што со брза интервенција е спречено ширење на пламенот на другите дуќани во објектот.
Охридскиот градски пазар е опожарен откако го зафати голем пожар рано утринава околу 4.00 часот, пренесува Охрид Скај.
Пожарот, како што наведува медиумот, почнал во кафич во сопственост на Агрон Речи јавен правобранител на РМ.
-Изутрина околу 4 часот голем пожар го зафати дел од охридскиот градски пазар. Како што дознаваме пожарот избуванал во кафич кој е во сопственост на јавниот правобранител на РСМ Агрон Речи, а од пожарот биле зафатени и соседните деловни објекти. Во моментов големи полициски сили и јавни обвинители вршат увид на местото на настанот, наведува Охрид Скај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Александар Чупиќ утре треба да дојде во…
Ако не се промени нешто претседателот на…
Обвинителот проверува дали има можност за проширување…
Основото јавно обвинителство во Охрид презема дејствија…
ОФИЦИЈАЛНО: КРИСТИЈАН КОРАБОСКИ ОД СИНОЌА Е ВО…
Кристијан Корабоски, кој викендов брутално претепа млада…
Насилникот повторно е лишен од слобода поради…
Насилникот повторно е лишен од слобода поради…
Насилникот НЕ ОДИ ВО ПРИТВОР, ОЈО побара,…
По барање на Основното јавно обвинителство во…