Објавено на:

Изетбеговиќ: Односите во БиХ се толку лоши, што сега не е возможна изборна реформа

t

Претседателот на Партијата за демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ потврди дека очекува наскоро уште еден посреднички обид на Европската унија за промена на изборниот закон во БиХ, но рече дека во сегашните околности тоа нема да даде резултати.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ вчера истакна дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен треба да ја посети БиХ во наредните денови за да постигне договор за измените на изборниот закон, што хрватските политички партии во земјата го сметаат за дискриминаторски.

Во телевизиско интервју Изетбеговиќ потврди дека го очекува доаѓањето на еден од „високите функционери на ЕУ” кој ќе се обиде уште еднаш да „проба нешто”, но смета дека тоа нема да биде Фон дер Лајен.

– Тоа го сакаа и Американците, па се откажаа. Тие гледаат дека тоа не е реално, но мислам дека под влијание на господинот (Андреј) Пленковиќ, кој има добри врски и пријатели во ЕУ, ќе дојде некој од високорангираните и повторно да разговараме. Се разбира, залудно. Атмосферата е нарушена, изјави Изетбеговиќ, обвинувајќи го претседателот на ХДЗ БиХ, Драган Човиќ за ситуацијата во која односите во БиХ се темелно нарушени.

Тој уште еднаш го обвини дека соработувал со српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, за кого вели дека не престанува да се заканува со расцепување на БиХ, поради неуставни работи и навреди.

– Да се замине во Бања Лука, да се каже чувајте ја Република Српска, да одите против законот (за забрана за негирање на воените злосторства) наметнат од (Валентин) Инцко, тоа претставува додавање сол на рана. Тоа не требаше да го направи и ќе треба време за да ја подобриме атмосфера во која ќе може да се изгласа еден изборен закон и неговите измени, му порача Изетбеговиќ на Човиќ.

Тој објасни дека преговорите за изборните реформи пропаднале бидејќи хрватската страна не се согласила да ја намали улогата на парламентарните домови на народот, кои, според СДА, требале само да ги штитат виталните национални интереси, а не да бидат уште едно законодавно тело, особено во Федерацијата БиХ.

Општите избори во БиХ со одлука на Централната изборна комисија се закажани за 2 октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…