ИЗМАМА: Внимавајте, да не наседнете и вие на сличен трик како овој гостиварец
На 08.05.2024 во 17.00 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода И.Б.(51) од скопско Студеничани, поради сомнение дека извршил кривично дело „измама“.
Тој се сомничи дека измамил 34-годишен гостиварец за сума од околу 1.500 евра.
Според пријавеното, во јуни 2023 тој се договорил со оштетениот да му го поправи четирициклот, по што ги земал деловите за поправка и од него добил аванс.
Меѓутоа, набргу потоа И.Б. престанал да комуницира со 34-годишникот и не ја завршил договорената работа, по што на 16.02.2024 бил пријавен во ОВР Гостивар.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…
За да се победи актуелната власт потребно…
Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…
Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…
Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката…
Комисијата за надзор над стручната работа, формирана…
Љупчо Пецов – Ѓаволот признал вина и…
Љупчо Пецов, познат како „Ѓаволот“, е правосилно…
Општина Центар два месеца не издала одобрение…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…