Објавено на:

Измамиле 19 лица и во нивно име подигнале брзи кредити од над 10,8 милиони денари, уапсени две кумановки

t

Полициски службеници од СВР Куманово денеска ги лишиле од слобода 22-годишната А.С.Д. и 34-годишната М.В., двете од Куманово, поради сомнение дека со злоупотреба на лични податоци земале брзи потрошувачки кредити во име на 19 лица и се стекнале со противправна имотна корист од 10.820.000 денари.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека против А.С.Д. е поднесена кривична пријава за кривичните дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, додека против М.В. е поднесена пријава за „помагање“.

Според истрагата, првоосомничената во периодот од јануари до јули годинава, со однапред подготвен план и со намера да прибави противправна имотна корист за себе и за второосомничената, во 19 наврати ги довела во заблуда оштетените лица.

Без нивна согласност и овластување, таа ги користела нивните лични податоци за да аплицира за брзи потрошувачки кредити. По одобрувањето и исплатата на средствата, парите биле противправно присвојувани од двете осомничени.

Според МВР, второосомничената постапувала по претходен договор и ѝ помагала на првоосомничената во реализацијата на измамата, преземајќи дејствија што овозможиле успешно извршување на кривичните дела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОЛСКА ПРЕДУПРЕДУВА: МОСКВА МОЖЕ ДА ПОДГОТВУВА „НЕШТО…

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски…

Зеленски: Трамп одлучи да ѝ додели на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека американскиот…

ЗАКАНИ, НАВРЕДИ И НЕДОЛИЧНИ ЗБОРОВИ НА ЈАВНАТА…

Со закани, недоличен речник и навреди од…

Колумбија ги прекина дипломатските односи со Иран

Колумбија ги прекина дипломатските односи со Иран…