Измами со криптовалути во Македонија
Министерството за внатрешни работи информира дека, согласно добиените податоци во периодот од 2020 заклучно со јуни 2022 година пријавени се вкупно 17 случаи од граѓани за измами со криптовалути.
– Во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика добиени се 8 пријави, а во рамки на Секторите за внатрешни работи на територијата на државата пријавени се вкупно девет случаи и тоа: три на подрачјето на СВР Скопје, по два на подрачјата на СВР Охрид и СВР Струмица и по еден случај на подрачјата на СВР Тетово и СВР Штип. Пријавените настани се однесуваат на сторени измами кон граѓани од страна на физички лица преку изнудување и уплата на парични средства за наводно инвестирање во криптовалути и компјутерска опрема за таа намена, како и кражба на криптовалути од електронските паричници кои ги поседуваат, посочуваат од МВР.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика апелира граѓаните и правните субјекти да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Tрибина на СДСМ: „Македонија понижена!“ – една…
Tрибина на СДСМ: „Македонија понижена!“ – една…
Нетанјаху: Го одржав ветувањето дека нуклеарните објекти…
Израелскиот премиер, претседател и министер за надворешни…
Гутереш: Американските напади врз три ирански нуклеарни…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…
(Видео) Трамп му се обрати на светот:…
Целосен текст од говорот на американскиот претседател…
Иран официјално ги потврди нападите врз три…
Иранските власти потврдија дека три нуклеарни објекти…