Изменет сообраќаен режим во Скопје поради Виз Ер Скопскиот маратон

t

Дел од улиците и булеварите во Скопје денеска од 6:00 до 14:00 часот ќе бидат затворени за сообраќај, а возилата ќе се пренасочуваат по алтернативни сообраќајници, поради одржувањето на 22. Виз Ер Скопскиот маратон.

Сообраќајот по улиците и булеварите опфатени со трасата на маратонот ќе биде пренасочуван по алтернативни сообраќајници.

Затворен за сообраќај ќе биде потегот од Рекорд, односно улиците „Македонија“ и „Димитрие Чуповски“, продолжувајќи по булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Васил Чакаларов“ до реонот на Хром.

Затворени ќе бидат и делови од улицата „11 Октомври“, односно потегот од Собранието кон Црвен крст, како и делови од булеварите „Крушевска Република“ и „Трета македонска бригада“, до делот кај Американ колеџ.

Во Аеродром, со посебен сообраќаен режим ќе бидат опфатени потезите кон Воен базен, Мајчин дом и булеварот „Јане Сандански“, до раскрсницата со булеварот „Србија“.

На посочените сообраќајници возачите ќе треба да користат алтернативни правци, а конкретното пренасочување ќе се врши во зависност од движењето на тркачите.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до возачите да го избегнуваат движењето по трасите во периодот од 6:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите и насоките на униформираните полициски службеници на терен.

Организаторите ги замолуваат граѓаните за разбирање поради привремениот сообраќаен режим и ги повикуваат навреме да го испланираат своето движење во недела, со избор на алтернативни сообраќајни правци каде што е потребно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нападнат клучниот саудиски нафтовод „Исток–Запад“: Избувнал пожар,…

Саудиска Арабија соопшти дека нејзиниот стратешки нафтовод…

Морничави закани кон новинарката Милка Смилевска на…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро…

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит –…

Пожарот што попладнево избувна во куќи во…

Горат магацини кај Бит-пазар, пожарникарите со сите…

Голем пожар избувна доцна попладнево во близина…

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета…