Изминатата недела со Ковид-19 заболени уште 131 лице во државава
Од 26 август до 1 септември, тестирани се вкупно 379 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, регистрирани сe 131 нов позитивен случај, со намалување од 38,5 отсто во однос на минатата недела, пишува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен попладнево.
– Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје – 67, Охрид – 15, Тетово – 11 и од Кавадарци – десет. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број случаи пријавени во возрасната група над 60 години. Со статус „оздравени“ се стекнале 194 лица. Во текот на минатата недела, не се пријавени починати лица асоцирани со Ковид-19, се наведува во извештајот на ИЈЗ.
Податоците покажуваат дека од појавата на првиот случај на Ковид-19 во државава, на 26 февруари 2020 година, а заклучно со вчерашниот ден, пријавени се вкупно 351.708 заболени и 9.995 починати лица асоцирани со коронавирус. Во текот на 2024 година, регистрирани се вкупно 1.392 заболени и 16 починати лица асоцирани со коронавирус.
– Се препорачува следење на основните мерки за превенција на Ковид-19 и останати респираторни заразни заболувања. Вакцинацијата останува специфична превентивна мерка обезбедувајќи заштита од тешки форми на болест, иако овој заштитен ефект, со тек на време се намалува. Продолжува препораката за вакцинацијата на лицата со висок ризик од тешки форми на болест и лош исход – како што се повозрасните лица, се додава во извештајот на Институтот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лисици низ Скопје во близина на Водно…
Во последните неколку дена се појавија видеа…
Обвинение и притвор за лице кое физички…
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и…
СДСМ: Дебакл на економиските политики на власта…
Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес…
„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА…
На седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор,…
Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја…
Во овој момент за нула евра сме…