Објавено на:

Израелската армија уби комдандант на Хамас кој планирал напади

t

Командант на Хамас, кој планирал напади, е убиен во израелски напад врз централниот дел на Појасот Газа, соопшти денеска израелската армија (ИДФ).

Во соопштението се наведува дека командантот на Хамас бил цел на нападот во областа Деир ал-Балах, каде што се „криел во непосредна близина на болницата ’Мачениците од Ал-Акса‘“, пренесува „Тајмс оф Израел“.

ИДФ во своето соопштение наведе дека нападот бил изведен со цел да се минимизира ризикот за цивилите во таа област.

„Ова е уште еден пример за циничното користење на хуманитарната инфраструктура од страна на Хамас и неговото систематско позиционирање во рамките на медицинските установи за спроведување терористички активности“, се вели во соопштението на ИДФ.

Беше истакнато дека убиениот командант на Хамас неодамна работел на организирање напади врз израелски војници и цивили, како и на обновување на капацитетите на Хамас, „во услови на систематско кршење на прекинот на огнот“.

„Нападот беше изведен за да се елиминира заканата“, соопшти израелската армија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелската армија уби комдандант на Хамас кој…

Командант на Хамас, кој планирал напади, е…

Вечерва во Сурчин убиен 45-годишен маж, познат…

Во Сурчин e брутално убиен човек кој…

Песков: Не гледам причина да се надевам…

Нема видливи основи за подобрување на односите…

Еден загинат и двајца повредени во невремето…

Безживотното тело на маж било извлечено за…

Американците водат војна против Трамп? Аракчи: Разузнавачките…

Разузнавачките податоци од Иран укажуваат на значителни…