Израелската армија фрли флаери со предупредување жителите на Газа „веднаш“ да избегаат
Израелската војска денеска фрла летоци врз Газа со предупредување жителите да се упатат „веднаш“ на југ, јавија дописниците на француски и британски медиуми од палестинската територија.
„Веднаш евакуирајте ги своите домови и одете јужно од Вади Газа“, пишуваше во летоците фрлени од дронови.
Мапата прикажана на летоците означува стрелка која покажува кон југ преку линија во централниот дел на Појасот Газа.
Пораката потпишана од израелската војска им наредува на жителите „да ги евакуираат јавните засолништа во градот Газа“.
Околу 423.000 жители на Газа се раселени во последните денови, од кои 60 отсто се засолниле од агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА).
Во летоците се предупредуваат жителите „да не се враќаат во своите домови до понатамошно известување“ од израелската војска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ангелов: Ја изгубивме контролата над пожарот во…
Центарот за управување со кризи известува дека…
Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…
Царинските управи на Македонија и Косово во…
Американски воен транспортен авион слета во Москва,…
Американски воен транспортен авион утрово слетал на…
15-годишник приведен во Скопје, управувал мотоцикл без…
Вчера во 20:20 часот во Скопје, полициски…
Трамп сака да го преименува езерото Онтарио…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…