Израелска армија: Вчера можеби случајно погодивме училиште
Агенцијата за бегалци на ОН (УНРВА) вчера објави дека е погодено училиште со кое раководи агенцијата во бегалскиот камп Џабалија во Газа. Директорката за комуникации на агенцијата, Џулиет Тума, изјави за Би-Би-Си дека училиштето, кое функционира како засолниште за луѓето кои бегаат од борбите, било погодено на две места. Ракетите паднале во дворот со шатори за раселените лица и до ѕидот каде жените печеле леб.
Таа рече дека УНРВА не ја знае причината за инцидентот, но Министерството за здравство на Газа, кое го води Хамас, соопшти дека станува збор за израелски напад во кој загинаа најмалку 15 луѓе, а 70 други беа ранети.
Утрово, израелските одбранбени сили (ИДФ) изјавија за новинската агенција Ројтерс дека прелиминарната истрага сугерира дека тие не биле насочени кон оваа локација „но експлозијата можеби била резултат на оган на ИД насочен кон друга цел“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…